НИКОЛОВСКИ: ДРЖАВАТА И СИСТЕМОТ ЗАЗДРАВУВААТ

„Правна држава и владеење на правото се врвот на нашите приоритети.

Со последните случувања, се докажува дека независен правосуден систем и неселективната правда се возможни во нашата Република Северна Македонија. Тоа е показател дека државата и системот созреваат.

Никој не може и никој не смее да си дозволи да биде над Уставот, Законот и институциите.

За разлика од минатото кога криминалот беше легализиран, постоеше неказнивост и недопирливост на високи функциониери кои се шетаа по разни балови и каде не можеше да се замисли одговорност за било каква злоупотреба на моќ, сега имаме институции кои целосно функционираат и независно од тоа кој е, каков е, сите се еднакви пред законот и ќе одговараат за своите постапки!

Во ниту еден момент не се поколебавме и ниту еднаш не се посомневавме во правецот каде сакавме и сакаме да се движи земјава. И покрај сите притисоци и закани опстанавме во идејата за просперитетна држава.

Се боревме за правна држава и продолжуваме да се бориме за изградба на систем во кој граѓаните веруваат и се чувствуваат заштитени“, напиша на својата официјална facebook страна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.