АДВОКАТОТ МИЛАНОВ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЈАНЕВА ОД СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК 3“ БИДЕЈЌИ Е СКАРАНА СО ФАТИМЕ ФЕТАИ

Адвокатот Еленко Миланов на денешното судење за случајот „Титаник 3“ побара изземање на шефицата на СЈО, Катица Јанева, и на нејзините помошници, односно останатите обвинители, бидејќи постоела конфонтација, односно несогласување меѓу шефицата Јанева и останатите обвинители, јавува Фокус.

-Поднесувам предлог за изземање на Катица Јанева и на нејзините помошници денес присутни во судница, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Од причина што очигледно е дека од минатата главна расправа работите во ова обвинителство се измените, па според тоа што го видовме во медиумите постои директна конфротација меѓу обвинителите од СЈО, постојат конфликти, напади помеѓу овластениот тужител и помошниците од СЈО, па во таа насока предлагам постапката за овој случај да биде прекинета до произнесување за побараното изземање, рече адвокатот Миланов.