| |

Бугарија, Романија и Турција ги прошируваат задачите на Противминската група

Бугарија, Романија и Турција ќе го прошират опфатот на задачите што ги извршуваат во Црното Море во рамките на Противминската група на НАТО. Покрај откривањето и неутрализирањето мини и дронови, тие ќе се грижат и за заштитата на подводната критична инфраструктура. Ова го соопшти во Варна командантот на бугарската Воена морнарица, контраадмирал Кирил Михајлов, пренесува БГНЕС.

Тој додаде дека се очекува турскиот парламент да ја ратификува новата мисија, по што ќе почне нејзиното спроведување.

Контраадмирал Михајлов ја коментираше и новата задача на Противминската група:

„Беше потпишано дополнување на Меморандумот за разбирање, со кое кон задачите на Противминската група беа додадени и задачи за набљудување на подводната критична инфраструктура. Секоја од трите земји учеснички треба официјално да објави што смета за критична подводна инфраструктура, за тоа да биде вклучено во идните планови на групата и да се овозможи набљудување и следење на гасоводите, цевководите, интернет-врските, оптичките или електроенергетските врски што постојат во Црното Море. Очекуваме ратификација од турскиот парламент. Бугарија и Романија веќе го прифатија дополнувањето. По ратификацијата од турскиот парламент, оваа задача ќе биде официјално усвоена.“

Слични Објави