|

„ТИТАНИК“ ОДЛОЖЕН ЗА 23 АВГУСТ

Судското рочиште за изборни нерегуларности „Титаник” на СЈО е одложено за 23 август, поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Обвинети во случајот се, поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.



Слични Објави