АКЦИЈА ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ ПЛАСТИКА ВО ЛИСИЧЕ

//

Општина Аеродром од денеска почнува акција за собирање на пластиката од домовите во населбата Лисиче, во соработка со здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис информативен центар“, а со поддршка на Град Скопје.

Акцијата вклучува 400 домаќинства во населбата Лисиче, на кои ќе им бидат доделени 2 ќеси за да ја селектираат својата пластика. Ќесите ќе бидат доделени од страна на претставници на здруженијата, кои ќе ги запознаат „домаќините“ со идејата на проектот и ќе им се понуди соработка. Една ќеса ќе се користи за тврда пластика (амбалажен отпад од јогурт, шампон, детергент, лименки), а другата кеса за ПЕТ амбалажа (пластични шишиња за вода, сок, пиво, зејтин и оцет, односно сите оние амбалажи кои имаат знак „триаголник за рециклирање“).

Ќесите ќе се подигнуваат во одреден ден во неделата од страна на неформалните собирачи на отпад. Неформалните собирачи на отпад ќе имаат видлива идентификација.
Целта на оваа акција е да се тестира систем за услуга за собирање отпад „од врата на врата“ и да се организира собирањето на отпад на формален начин за интеграција на неформалните собирачи на отпад.
Резултати кои се очекуваат со реализацијата на оваа акција се намален отпад на депонии, намалено аерозагадување, заштита на животната средина и социјална и економска инклузија (вклучување) на неформалните собирачи на отпад.



Подетални информации околу акцијата граѓаните можат да го контактираат:
Рамуш Муарем (Цирко) на телефонскиoт број: 078/715192
Бојан Трајановски на телефонскиот број: 078/307716

Претходна статија

СДСМ: СО УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД НАТО И ЕУ

Следна статија

ПОМИНАА ДВЕ ГОДИНИ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПСКО

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,