Ако добиеме било каква понуда за влез во Владата, ќе составиме конкретна платформа со барања, велат од Алијанса за Албанците

/

Сè уште немаме конкретна понуда од извршната власт за можно вклучување во Владата, но доколку добиеме каква било понуда ќе составиме конкретна платформа со барања, како одговор до извршната власт, велат од Алијансата за Албанците во изјава за МИА.

– Сè уште немаме конкретна понуда, ниту разговори. Има сигнали, сте ги слушнале и самите владини претставници дека се заинтересирани. Но, доколку дојде до некакво барање или предлог за наше вклучување во Владата, ќе составиме конкретна платформа, владејачка програма со точки кои ние цениме дека се важни за граѓаните и државата и ќе ги презентираме како одговор. Доколку се согласат да ги направат тие промени, проекти, напредок, ќе го разгледуваме преземањето одговорности, а ако не, тогаш ние не сме за други пазарења, потенцираат од Алијансата за Албанците.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Веќе 40 години Националниот парк-музеј Самоилова тврдина кај Петрич, ги запознава посетителите со настани од пред 1000 години

Следна статија

Сите фактури кон приватните превозници се исплатени, тврди директорот на ЈСП

Најново од Вести