АКО САКАТЕ ЗДРАВ СОН НЕ МУ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НА ТЕЛЕФОНОТ ДА ВЕ УСПИВА

Истакнато Магазин Убавина&Здравје

Навиката да заспиеме со мобилните телефони во раце има негативно влијание врз квалитетот на спиењето. Ова беше објавено од Всеволод Полоцки, професор на медицинскиот универзитет Џонс Хопкинс во САД.
Според експертот, таа навика може да предизвика пречки во биолошкиот часовник, недостаток на спиење и негативно да влијае на фазите на сонот.

“Постарите луѓе треба да спијат најмалку седум часа дневно и да не користат компјутер, iPhone, iPads или други електронски уреди во кревет“- вели специјалистот.
Полотски е сигурен дека со цел да се обезбеди здрав одмор за возрасните и за децата, неопходно е да се избегне користење на електрониката, да не се јаде пред спиење и да не спиете заедно со децата. Факт е дека недостатокот на здрав сон негативно влијае на стапката на обновувањето на мозочните клетки. Спиењето кое е помалку од пет часа на ден го зголемува ризикот од дијабетес, може да предизвика депресија и развој на кардиоваскуларни болести.