АМСТЕРДАМ ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ГРУПНИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПОСЕТИ ВО КВАРТОТ НА ЦРВЕНИТЕ ФЕНЕРИ

Амстердам ќе ги забрани групните туристички посети во популарниот кварт „Црвени фенери“. Претставници на локалната власт ја оправдуваат одлуката со фактот дека квартот е преполн со туристи кои само се сликаат, но не ги користат услугите што ги нудат сексуалните работнички.

Забраната за групни туристички посети ќе стапи во сила од следната година, а од април годинава истите нема да бидат дозволени после 19 часот.

Општинските власти се жалат и на фактот дека туристите им пречат на жените што работат во јавните куќи да си ја вршат својата работа и не се однесуваат воспитано со нив. Сопствениците пак се жалат од тоа што туристите само снимаат и прават секакви обиди да стапат во конткат со жените преку витрините.