| |

Б. ДИМИТРОВСКА: ДРЖАВАТА ИМА ПАРИ И Е ДОЛЖНА ДА ОБЕЗБЕДИ ЖИВОТ ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

Тврдењето дека државата нема пари –не го прифакаме како оправдување,.Државата има пари и е должна да обезбеди живот за сите, доколку нашите предлози не поминат на седницата , тогаш Македонија ке докаже дека е дискриминирачка држава по основ на хендикеп каде оваа група граѓани не ги уживаат сите бенефити како останатите свои сограгани- изјави на денешната прес-конференција пред зградата на Министерството за труд и социјална политика, Бранкица Димитровска, претседател на здружението „Хендикеп +“.

Димитровска изјави уште дека социјалната инклузија не постои за лицата со попреченост и нивните семејства, социо-економскиот статус на оваа категорија на граѓани е многу низок, ангажманот на институциите е недоволен, непостои меѓусекторска соработка меѓу институциите, а социјалната заштита е минимална.



Слични Објави