АКО СИ ЈА ТЕПАШ ЖЕНАТА ИТНО И БЕЗ СЕДНИЦА НА СУД ЌЕ БИДЕШ ОТСТРАНЕТ ОД ЖИВЕАЛИШТЕТО
„Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во собраниска процедура е темелот, основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството.Поддршката што ја обезбедуваме во делот на информирањето, советувањето и привремениот престој за:
жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и нивните деца;
жените жртви на сексуално насилство и силување;
жртвите на трговија со луѓе,
жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет,
Се во согласност со стандардите предвидени во Истанбулската конвенцијаЗаконот предвидува надлежните институции во постапките за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство да постапуваат:
итно и со должно внимание на интересите и потребите на жртвата ;
да ги заштитат жртвите;
и придонесат за нивна реинтеграција во системот
Судот има обврска, веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот
“, напиша на социјалната мрежа facebook Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.
Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во собраниска процедура е…Posted by Јагода Шахпаска on Недела, 22 ноември 2020

