АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВО БУЈУКЧЕКМЕЏЕ, ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА

/

Во периодот од 24 јули до 4 август, Ансамблот за народни ора и песни при АКУД „Мирче Ацев“ учествуваше на 20-тиот Меѓународен фолклорен фестивал во Бујукчекмеџе, Истанбул, Турција.

На Фестивалот учествуваа дваесет и осум фолклорни ансамбли од повеќе земји, меѓу кои и од: Бразил, Венецуела, Колумбија, Косово, Грција, Хрватска, Бугарија, Србија, Јужна Африка, Панама, Перу, Португалија, Индија, Шпанија, Индонезија, Грузија, Тајван, Украина, Русија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Северен Кипар, Кенија и Германија.



За време на Фестивалот, нашиот претставник учествуваше на две дефилеа и осум концерти кои беа организирани на повеќе локации, а пред многубројната публика беа презентирани ора и песни од Источна Македонија, кореографијата „Пиринско пролетно цвеќе“, Малешевски сплет на ора и песни и други. Гостувањето се реализираше со поддршка на Министерството за култура.

Претходна статија

ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР ПЛАЌАЛ ВРАБОТЕНА КОЈА МЕСТО НА РАБОТА ОДЕЛА ВО ПАРТИЈА

Следна статија

ТРИЕСЕТ И ПРВА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“ ОД 16 ДО 18 АВГУСТ

Најново од Истакнато