| |

КОВАЧЕВ: ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ МОЖЕ ДА ТРАЕ ОД 5 ДО 10 ГОДИНИ

„Никој не може да каже од сега, можеби 5 или 10 години, тоа зависи од самите земји кандидати, но и капацитетот на Европската Унија за примање на нови земји“, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, како одговор на прашањето „Колку време ќе продолжи процесот на евроинтеграција за земјите од Западен Балкан, во интервју за бугарското радио Фокус.

Ковачев додава дека земјите од Западен Балкан макар и мали по територија и население се многу важни за ЕУ во геополитичка смисла и изрази надеж дека тие ќе станат дел од унијата во следната деценија.

Слични Објави