Амбасадорот на ЕУ во Албанија, Луиџи Сорека, рече дека властите во Тирана треба да се фокусираат на реформите, бидејќи тоа е единствениот начин да ги остварат своите европски амбиции, пренесува албанскиот весник „Албаниан Дејли њуз“.
Според Сорека, желбата на Тирана за европска интеграција останува стабилна. Тој исто така истакна дека реформите треба да се направат не за ЕУ, туку за самата Албанија, нејзините граѓани, напредокот на земјата кон повисоки демократски стандарди и владеење на правото.