АЛАТКИ ШТО ЌЕ СТАВАТ КРАЈ НА ЗАВИСНОСТА ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

///

Најголемите и „најзаразните“ социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм најавуваат скоро воведување алатки кои на корисниците ќе им овозможат подобро да го контролираат нивното користење, односно да се самокотролираат и ограничат колку време од денот ќе посветат на овие социјални мрежи.

Тие воведуваат дополнителна „контролна табла” каде корисникот во секој момент ќе може провери колку време поминал во „сурфање“.

Алатките имаат опција да се подесат така што корисникот ќе може однапред да го ограничи времето поминато на нивните платформи, како и во одреден временски период или дел од денот да ги исклучат известувањата кои им ги испраќаат овие социјални мрежи.

Алатките кои се планирани да се воведат скоро се инкорпорирани на платформите и се нарекуваат „Your Time“ на Фејсбук и „Your Activity”, на Инстаграм. До сега, ако сакавте да го ограничите своето слободно време поминато на својот профил можевте да користите слични алатки, но овие работеа независно и само поискусните корисници на интернет беа во можност да ги пронајдат и вклучат.



Новите можности се воведуваат во одговор на забелешките дека токму Фејсбук и Инстаграм придонесуваат луѓето да станат зависни од социјалните мрежи. Временскиот потсетник ќе се појави тогаш кога апликациите ќе препознаат дека корисниците предолго се задржуваат на овие платформи.

Алатките „Your Time“ и „Your Activity” би требало да станат достапни на Фејсбук и Инстаграм ширум светот во наредните неколку недели.

 

Претходна статија

ЗАЕВ: ДРЖАВАТА ЌЕ ПОДДРЖИ 100 ДОМАШНИ КОМПАНИИ

Следна статија

КОНТРАРЕФЕРЕНДУМ НА „МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Најново од Вести