БЛОКАДА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ, МАШИНОВОЗАЧИТЕ БАРААТ 30 ОТСТО НАДОМЕСТ НА ПЛАТА
Железничките станици денеска останаа празни. Возовите од седум часот утрината немаше кој да ги вози. Машинскиот персонал во Железници Транспорт ја бојкотира работата. Велат дека нема да влезат во локомотивите се додека не добијат зголемување од 30 на 40 проценти на надоместокот на плата за квалитет, за кој велат дека им следува поради зголемен обем на работа и недоволен број на персонал, јавува ТВ 24.
„Само уште 10 насто, а тоа се околу 1200 до 1500 денари по човек е барањето за да одиме на работа. 140 машиновозачи се потребни, а имаме 64, од кои 16 годинава ќе заминат во пензија. Пред некое време на систематски преглед во Струмица беа 35 колеги од кои половина ќе заминат во Германија. Им организираат курс по германски и тие за 11 месеци ќе заминат на работа во Германија. Кој ќе работи не знам. И дали некој размислува воопшто за тоа. Ќе нема кој да ги вози возовите.“ – Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт.
Целиот напис прочитајте го овде.