За 20 дена АНБ ќе има нов директор, вели Ковачевски

/

За 20 дена од денеска Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор. Вчера, Владата одржа затворена седница на која директорот информираше за случајот со добивањето на македонско државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко. Не сум во можност да ви дадам повеќе информации бидејќи седницата беше затворена. Имаше соопштение од страна Владата во врска со заклучокот за одземање на државјанството, истакна денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски одговараше на прашање на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој го праша дали во овие пет месеци откако е премиер знаел за Онишченко, односно дали директорот на АНБ Димовски го информирал.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Вархеји: РСМ да ги открие напаѓачите од Охрид

Следна статија

Петровска најави тужба против Ковачки за навреда и клевета за криење имот во Радишани

Најново од Вести