АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВИ МАКЕДОНСКАТА СТРИП СЦЕНА НА СТРИП КОЛОНИЈАТА РАШКА 2019

Од 5 до 9 август, на брегот на живописното Семетешко езеро во соседна Србија, ќе се одржи 8-мата по ред стрип колонија – Рашка 2019. Традиционално и годинава, како и претходните неколку години, оваа манифестација која е уникатна по својот концепт нема да помине без македонски стрип-автор, јавува А1Он.

Покрај претставници на стрип-школите од Белград, Лесковац, Крагујевац, Ваљево и домаќинот Рашка, како претставник на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, учество на колонијата ќе земе сценаристот и хроничар на домашната деветта уметност – Александар Стеванов од Штип.



Слични Објави