ВО ТУРЦИЈА СЕ ГРАДИ ЦРКВА ЗА ПРВ ПАТ ОД 1923 Г.
Вчера во Истанбул почна изградбата на црквата за асирската православна заедница, која треба да се напомене е првата христијанска црква која се гради во современа Турција од 1923 г.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на свеченоста по повод почетокот на изградбата ја нарече оваа црква „богатство за Истанбул“.
Тој најави дека црквата би требало да биде завршена во рок од две години. Повеќе од 17 илјади Асиријци, православни христијани живеат во Истанбул, храмот се гради токму за нивните потреби.
„Ова е историски ден“, изјави митрополитот на асирската православна црква за Истанбул и Анкара Јусуф Четин.
„Нема и не смее да има дискриминација во нашите умови“, кажа денес Ердоган. „Сите кои ја сакаат Турција и ѝ се лојални се граѓани од прв ред во нашите очи“- изјави уште Ердоган на вчерашната свеченост.

