СО КОНЦЕРТ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И МИРОСЛАВ ТАДИЌ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ РОДЕНДЕНОТ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

/

Фестивалот „Охридско лето“ денеска слави 58 години од своето постоење. Големите музички имиња Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ вечерва со почеток од 21 часот, во Античкиот театар ќе одржат концерт во чест на оваа годишнина.

Според големиот виртуоз на гитара, Влатко Стефаноски, огромна е честа да се биде дел од одбележувањето 58 години од еден голем фестивал како што е „Охридско лето“ кој како што рече, може да биде ментор и учител на многу другио фестивали во регионот и во светот.

-Сум растел заедно со овој фестивал, сум бил многу често во Охрид кога се случувал фестивалот, сум доаѓал од Скопје за да го гледам Рави Шанкар пред 30 години, исклучително име од индиската музика. Исто така сум учествувал на фестивалот и знам колку е тешко да се организира еден ваков обемен фестивал со многу учесници и гости, сместувања, тонски проби, простори, озвучувања, публика, столчиња, дождови, ветрови, сонца.Тоа што настапувам во Охрид секогаш ми е, одново и одново , и предизвик, и задоволство, и привилегија. Верувам дека ќе има доволно апетит за овој наш концерт што го свириме со Мирослав Тадиќ. Оваа наша одисеја со Мирослав трае цели 22 години. Почна во Крушево 1997 година и трае до ден денес. Ние не свириме многу, но секој наш концерт е ексклузива.

Големиот гитарист Мирслав Тадиќ, на вчерашната пресконференција изјави дека иако веќе четири децении живее во Соединетите Американски држави, сепак, неговата уметничка татаковина е токму Македонија.




Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите. Се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а под покровителство на претседателот на државата.



Претходна статија

ГДУ-ОХРИД: ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ ПЛАЖИТЕ НЕ СЕ ВАША ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ!

Следна статија

ВО ТУРЦИЈА СЕ ГРАДИ ЦРКВА ЗА ПРВ ПАТ ОД 1923 Г.

Најново од Истакнато

Потрага по идентитетот

Facebook статус на Никица Корубин Три достапни документи: Преговарачката рамка на 25 страници, Заклучоците на Советот