Ален Апворд за Битола: Често се тврди дека Грците се силни во градовите, додека селското население е речиси целосно бугарско. Но, тука имаме град во кој Грците по говор се незначителен дел
АЛЕН АПВОРД, George Allen Upward (1863-1926) е британски поет, адвокат, политичар и учител. Во 1908 година ја издава книгата КРАЈНИОТ ИСТОК НА ЕВРОПА; извештај од неофицијалната мисија на Европските провинции на Турција во навечерието на револуцијата:
“Воденското село Грива, тие кажуваа, е грчко село, чии жители во најголем дел говорат Бугарски, но припаѓаат на Патриаршијата.
На 13-ти октомври 1902 г. во селото се појави првата бугарска банда. Таа се состоеше од дваесет и четири мажи под раководството на Апостол Петков, водач, чие име од тогаш придоби лоша репутација. Тие дојдоа ноќе и беа сместени во куќата на еден симпатизер. Следниот ден свикаа состанок на селаните.
Следното појавување на бандата беше на 29-ти јули 1903 г. Апостол се врати со 120 мажи и носеа знаме.
Ова беше првото навестување за мене на оваа тема, и испадна сосема спонтано. Прашав какво знаме е, а одговорот беше „Бугарско знаме“. Му наложив на сведокот да го опише тоа и тој кажа, дека боите се бело, зелено и црвено и го носеше мотото – Слобода или смрт.
Тоа се Бугарските национални бои. Грчките се бело и сино.“
“Градот официјално познат како Битола, а црковно како Пелагонија, но во денешно време почесто наречен Монастир, се наоѓа во средината на истоимениот вилает и во средината на Румелија. Населението на целиот вилает, според официјалната проценка, е близу еден милион, составено како што следува:
-Муслимани … 480000
-Грци … 261000
-Бугари … 178500
Бројките според г-н Добрев се:
-Бугари, Егзархисти … 302000
-Патријаршисти, Гркомани и Србомани … 78000
-Муслимани … 480000
Градот Битола според официјалното пребројување има 40000 жители. Бугарите, Егзархисти се околу 10000, а вкупниот број на сите Патриаршисти се 15000 според нивниот епископ. Ништо не може да биде поискрено од признанието дека Елините, по говор, изнесуваат една десетина од стадото на епископот. Често се тврди дека Грците се силни во градовите, додека селското население е речиси целосно Бугарско. Но, тука имаме град во кој Грците по говор се незначителен дел.“
