Константина Александрова, најмалата сестра на Тодор Александров, раскажува за нејзиниот брат

//

На годишнината од смртта на Тодор Александров, ви ги пренесуваме спомените на неговата најмала сестра Константина Александрова, транскрибирани од К. Васев, адаптирани од Благојче Бошковски и објавени од Библиотека Струмски.

Спомените на Константина Александрова се чуваат во бугарскиот историски архив на Народната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ во Софија.

Константина Александрова е родена во 1896 година во градот Радовиш во семејството на учителот од Штип, Александар Попорушев. Таа е сестра на водачот на ВМРО Тодор Александров. Константина Александрова дипломирала на Бугарската женска гимназија во Солун во 1912 годин, а потоа била учителка во Струмица, Кочани, Горна Џумаја и Софија. Активно учествувала во активностите на македонските просветни друштва и е една од основачите на Македонскиот женски сојуз. По државниот удар од 9 септември 1944 година и доаѓањето на власт на комунистите во Бугарија, со образложението дека е „сестра на Тодор Александров“, била отпуштена од работа, подоцна била уапсена и поминала две години поминала во логорот Белене. Починала во Софија во 1985 година.



” Тодор е роден на 4 март, 1881 година во град Штип – маало Ново Село; Неговите родители мајка Марија Хаџијанева – потекнува од видно штипско семејство и татко Александар Попорушов, учител со татко свештеник поп Костадин, а дедо му бил архиерејски наместник во град Штип. Татко ни учителствувал во неколку македонски градови, но главно во родниот град Штип, во маалото “Ново Село”, каде колеги му биле Гоце Делчев и Даме Груев. Мајка ми раскажуваше, дека тие двајцата, а имено Гоце Делчев и Дамјан Груев доаѓале скоро секоја вечер кај нас дома и разговарале со татко ни цели часови. И кога макар за малку, влегувала мајка ми, тој и велел: “Марија, оди гледај ги децата, остави не сами“. Тие средби дале резултат, зашто на тој начин се основал комитет од граѓаните, кој започнал да го потпомага револуционерното ослободително движење во Македонија. Двајцата учители – Гоце Делчев и Дамјан Груев, кога ја привршиле својата работа, заминале за други градови, за да ја продолжат организаторската дејност. Наскоро после тоа и татко ни се разболел и починал.
Kога починал предвремено, на 48 годишна возраст, точно во најголемата сила за работа, тој остава седум сирачиња: шест ќерки и еден единствен син – Тодор. Ете во тоа семејство се родил и одгледал Тодор, кој е образец на семејството. Во домот најчесто се говори од Тодор за чесност, чест и родољубие. Како што растевме, неговите совети беа да сме чесни, да сме скромни и да ја пазиме честа на дедовците и прадедовците.
За адолесцентните години, особено кога отишол во пансион го знам следното: ми раскажуваше негов соученик (Игнат Мангров), дека бил многу воспитан другар и имал многу убав одност кон сите свои другари. Сепак еден ден српски пропагандатор (уште од тогаш бугарите во Македонија биле целна точка на србите и затоа се испраќале во цела Македонија такви пропагандатори, кои гледале со пари и опомени да ги привлечат бугарите од Македонија за нивната кауза). Тој пропагандатор, демне, кога сите учители и набљудувачи го напуштиле пансионот, влегува во дворот, ги собира сите ученици и почнува да им зборува, дека тие не се бугари, а срби. Сепак, ми расправи неговиот соученик Игнат Мангров, одеднаш како стрела се впушта Тодор против пропагандаторот и од каде што го зеде тој чадор, почна да му нанесува такви удари, што србинот не знае како да избега, гонет до надворешната врата.
Никогаш нема да го заборавам денот кога Тодор го напушти домот: еден ден, тој излезе од собата, облечен во четничка униформа и ја повика мајка ни да влезат во собата. Се разбира, јас како најмала, ги следев нејзините чекори. Ја покани мајка си да седне до него и и рече: “Мајко, по облеката гледаш, дека сум решил наполно да се посветам на народот и да работам нелегално во Македонското ослободително движење.“ Мајка ми го изгледа со мил поглед и му кажа, дека се надевала како вдовица тој да и помогне во одгледувањето на децата, но како што гледа, дека тој е сигурно решен, му вели, штом си го избрал тој пат, следи го, Бог да ти помогне во работата, голема и страшна, и Бог да те запази!”

Претходна статија

Путин изрази сочувство за смртта на Горбачов

Следна статија

По вчерашното невреме во Скопје околу 180 пријави за поплавени простории, улици, паднати дрвја…

Најново од Вести