МНР на Бугарија: Еди Рама лаже дека Бугарија 8 години ја блокирала Албанија
Во врска со новите, неиспровоцирани и последователни антибугарски изјави на албанскиот премиер Еди Рама за време на Бледскиот форум од 29 до 30 август годинава, врз основа на лажната изјава дека Бугарија 8 години го блокирала почетокот на преговорите на Албанија за членство во ЕУ, МНР одлучно ги отфрла сугестиите од негова страна како неприфатливи и непристојни за однесувањето на премиер на земја кандидат за членство во ЕУ“. Ова се наведува во денешната реакција на бугарското МНР.
МНР веќе го искажа својот став во однос на антибугарската реторика на Еди Рама, која стана постојан рефрен на неговиот политички говор. Сега тоа е комбинирано со антиевропски фокус и обид за понижување на механизмите на европскиот процес. Изјавите откриваат недоразбирања за политичкото значење на процесот за ставање на односите во регионот на европските шини. Очигледно, станува збор или за недостаток на европски комуникациски вештини или за намерно поттикнување на антиевропски чувства.
Бугарија го задржува правото на соодветен начин да реагира на однесувањето на албанскиот премиер, следејќи ги принципите на меѓународното и европското право, велат од МНР на Бугарија.
