МНР на Бугарија со охрабрување до историската комисија да продолжи со работа

//

Министерството за надворешни работи во Бугарија ја поздравува досегашната активност на Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Софија и Скопје, формирана со Договорот за добрососедство, јавува БНР.

Од Министерството потсетуваат дека комисијата постигна договор за светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум и цар Самуил.

Заменик министерот за надворешни работи, Костадин Коџабашев, рече дека ресорот ја охрабрува комисијата да продолжи со напорите за брзо завршување на работата на сите периоди од нашата заедничка историја.



„Објавувањето на предлозите од 2019 година, одобрени од владите на двете земји, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република Северна Македонија со резултатите од работата на заедничката комисија. Така, според нас, се создава потребната основа за да се продолжи со практично спроведување на уште еден многу важен договор од протоколот, а тоа е – координација на календар на заеднички прослави за периодот 2022 – 2023 година за петте заеднички историски личности“, велат од бугарското МНР.

Претходна статија

Асен Меџидиев: Децата повредени во несреќата со српскиот автобус на автопатот „Тракија“ можат безбедно да се превезат

Следна статија

За „тојагата и морковот“

Најново од Вести