НА ЈАНЕВА И СЕ ЗАКАНУВААТ НАЈМАЛКУ 3 ГОДИНИ ЗАТВОР АКО БИДЕ ПРИЗНАЕНА ЗА ВИНОВНА ВО СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Јанева, како второобвинетото лице се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во Членот 353 став 3 е наведено „Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години“.