Одбележуваме 146 години од раѓањето на големиот поет и војвода на ВМОРО Пејо Јаворов
Одбележуваме 146 години од раѓањето на големиот бугарски поет, прв биограф на Гоце Делчев и војвода на ВМОРО Пејо Тотев Крачолов, останал во историјата со псевдонимот Пејо Јаворов.
Пејо Јаворов е роден на 13 јануари 1878 г. во бугарскиот град Чирпан. Работел како телеграфист во различни населени места Чирпан, Стара Загора, Сливен, Стралџа, Анхиало и Софија во периодот 1897-1900 г. Се вклучува во редовите на ВМОРО, бил уредник на весникот „Дело“ (1901-1902 г.) Бил комита кај Јане Сандански и еден од најблиските соработници на Гоце Делчев. Токму Јаворов е автор на првата биографија на Гоце Делчев, која била објавена во 1904 г. Бил библиотекар во Софиската јавна библиотека (дн. Национална библиотека Св. св. „Кирил и Методиј”). Во периодот 1908-1913 е драматург во Народниот театар „Иван Вазов“. Таму ги поставува претставите: “В полите на Витоша” (1910) и “Когато гръм удари, как ехото заглъхва” (1912).
Јаворов бил уредник на различни весници сврзани со македоно-одринското револуционерно движение -“Дело”, “Свобода или смърт”, “Автономия”, “Илинден”.
Автор е на книгата со стихови “Стихотворения” (1901,1904), а исто така и на мемоарната книга “Хайдушки копнения. Спомени от Македония 1902-1903” (1909),
Пејо Јаворов е родоначалник на симболизмот во бугарската литература со зборниците “Безсъници” (1907), “Подир сенките на облаците” (1910). Создава љубовен епос, кој се смета за врв во бугарската интимна поезија. Пример за тоа се неговите стихотворби “Калиопа”, “Обичам те”, “Пръстен с опал”, “Молитва”, “Две хубави очи”, “Вълшебница”, “На Лора” и др.
До последните свои денови останува лојален на ВМОРО и соработува со водачот на Организацијата Тодор Александров.
Пејо Јаворов се самоубива на 29 октомври 1914 г, во Софија.
