АЛКАЛОИД СО МАКСИМАЛЕН ТРИУМФ ВО ПЕТТОТО КОЛО НА ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ КУП

Алкалоид со максимални 6:0 го победи Цирих Шахгезелшафт од Швајцарија. Во мечот шахистите на Алкалоид покажаа сигурна игра и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно ја покажа својата висока класа и ја искористи пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата од реми, па овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа освои и цел поен.

Шанкланд и Криворучко ги запишаа најбрзите победи во дуелот, додека Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го постави конечниот резултат во мечот 6:0.

По пет одиграни кола на прво место е екипата Обиетиво Рисарцименто Падова од Италија со десет бодови, а веднаш по неа се Медни Всадник Санкт Петербург од Русија и Ск Јоли Лиса над Лабем со еден бод помалку, додека Алкалоид е на делба од четврто до десетто место со осум бодови.

Во следното коло, Алкалоид ќе игра против шампионот на Чешка.

Извор: Спорт1



Слични Објави