|

АЛО „ЛЕВИЦА“, НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВОВЕДЕ ЛЕНИН, А ЛЕНИН ОДАМНА ГО НЕМА

Камчев е готов, Левица ( не знаеме која точно од сите ) побара криминално стекнатиот имот на бизнисменот да биде национализиран и да му биде вратен на народот. Како нешто што станува државно се враќа кај народот не ни е јасно, но тоа е сосема друго прашање. Само да ги потсетиме нашите пријатели од Левица дека токму првите луѓе на државните претпријатија што се приватизираа во 90-те години, станаа најбогатите бизнисмени во земјата.

Криминално е да национализираш нешто што некој друг го створил другари. Криминални се колхозите и ТКЗС-тата. Кој и како ги создаде олигарсите знаете и сами. Тие (олигарсите) се чеда на поранешниот систем, раководен од КПЈ, а комунизмот само да ве потсетиме е левата варијанта на фашизмот. Поздрав до „левото крило на Организацијата.

Слични Објави