| |

Амбасада на Република Бугарија во Скопје: Дали и овој потпалувач ќе биде прогласен за херој?! Бугарија не се плаши!

Дали и овој потпалувач ќе биде прогласен за херој? Бугарија не се плаши! Оваа порака се појави на официјалната страница на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје на социјалната мрежа Facebook.

Под краткиот текст е објавен линк од позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи во врска со денешното палење на два автомобили на бугарската Амбасада во Скопје.

Видео од немилиот настан веќе беше објавено од бугарските медиуми а реакции со осуда стигнаа од голем број бугарски здруженија од Република Северна Македонија.

Претседателката Јотова и политички партии од соседна Бугарија исто така го осудија палењето на дипломатските автомобили.

Слични Објави