| |

ЗА „КОНТРАБОМБАТА“ НА ВЕРУШЕВСКИ МОЛЧАТ И ЗАЕВ И ЦРВЕНКОВСКИ, ГРУЕВСКИ Ѝ СЕ ИЗРАДУВА

Премиерот Зоран Заев, кој ѝ ги претстави „бомбите” на јавноста, и поранешниот претседател на Македонија и на СДСМ Бранко Црвенковски засега молчат за изјавата на разузнавачот Зоран Верушевски дека прислушуваните разговори добиле „страотни модификации и компромитации”. Од изјавата на Верушевски јавноста слушна за еден поинаков пат на нелегално снимените разговори од УБК до штабот на СДСМ, јавува МКД.мк.

На оваа изјава на Верушевски засега најмногу ѝ се израдува Никола Груевски, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој е во бегство во Будимпешта. Тој на својот фејсбук-профил за неа напиша дека „одекна најсилната бомба. Власта ја рушеле со монтирани снимки. Полека, но сигурно вистината испловува на површина…

Кога се појавија „бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го поддржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата ‘сечени, лепени, прелепувани и монтирани’”.

На сведочењето за случајот на СЈО, „Таргет – Tврдина“, пред два дена Верушевски рече дека сите информации и сознанија во врска со незаконското прислушување завршувале во политичката партија и оти увид во целата документација имал лидерот на партијата.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави