Креативна работилница „Девојки и петли“ ќе ги обедини децата и возрасните во Бугарскиот културно-информативен центар-Скопје
Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје со задоволство ги поканува сите љубители на традицијата и уметноста на креативна работилница за деца и возрасни „Девојки и петли“. Настанот ќе се одржи на 25 октомври (сабота) во 10:00 часот во БКИЦ–Скопје.
Работилницата има за цел да ја сподели убавината на традициите, создадени со имагинација, љубов и млад творечки дух. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со богатството на народната култура и да создадат свои дела инспирирани од фолклорните ликови на девојките и петлите.
Организаторите најавуваат инспиративен и шарен ден, исполнет со креативност, традиција и радост – наменет и за најмалите и за возрасните.
Ве очекуваме во БКИЦ–Скопје!, велат организаторите.

