ФЕТАИ: ВО СУДНИЦА НИКОЈ НЕ ЈА КАЖАЛ ФРАЗАТА „СЕЧЕНИ, ЛЕПЕНИ, МОНТИРАНИ”, САМО ВЕРУШЕВСКИ МОЖЕ ДА ОБЈАСНИ ШТО САКАЛ ДА КАЖЕ

//

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска пред маратонското и најразвлеченото судење „Насилства и шамари во Центар“, рече дека изјавата на разузнавачот Зоран Верушевски во предметот „Тврдина-Таргет“ за модификацијата и компромитирање на бомбите, нема никако да влијае врз постапките што ги водеше СЈО, а кои сега продолжуваат во редовното обвинителство, јавува СДК.

„Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив. Прочитав дека изјавил и оти бомбите биле модифицирани и компромитирани. Сакам да напоменам дека никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза: ’Сечени, лепени, монтирани‘, што ја кажуваа во медиумите“, рече Фетаи.



Таа потсети и дека сведокот Верушевски бил испрашан само од обвинителот во „Тврдина-Таргет“. Според Фетаи, треба да се почека вкрстено обвинетите и одбраната да го прашуваат, а потоа и судот, кој има право да постави прашања од појаснувачки карактер, па потоа да се вадат заклучоци за неговиот исказ.

Претходна статија

ОПАСНОСТ ОД ПУКАЊЕ НА ГЛЕЧЕР, ИТАЛИЈА ЕВАКУРАШЕ НАСЕЛЕНИЕ И ЗАТВОРИ ПАТИШТА КАЈ МОН БЛАН

Следна статија

ЗА „КОНТРАБОМБАТА“ НА ВЕРУШЕВСКИ МОЛЧАТ И ЗАЕВ И ЦРВЕНКОВСКИ, ГРУЕВСКИ Ѝ СЕ ИЗРАДУВА

Најново од Вести