МИЦЕВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА НАСТАНОТ- ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОВРЗАН СО ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ВО БРИСЕЛ

Вести Истакнато Македонија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски како дел од собраниска делегација учествува на настанот – Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграција на Западниот Балкан во регионален поглед во Брисел.

Мицевски во Брисел оствари повеќе средби меѓу кои со европрениците: Алојз Петерле, Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан, Иво Вајгл и Рајнхард Бутихофер.

На средбите се разговараше за евроинтеграцискиот пат на Република Македонија, при што од европратениците беше посочено дека за членство во ЕУ ни се потребни вистински реформи на секое поле. Беше посочена насушната потреба од реформи во правосудството и јавната администрација, како и во безбедносните служби. Взаемно се заклучи дека борбата против криминалот и корупцијата се исто така важен сегмент во насока на нашите евроинтеграции.