Амбасадата на САД во Софија: Коридорот 8 е инвестиција во посилна и посамостојна Југоисточна Европа
САД го гледаат Коридорот 8 како инвестиција што ја зајакнува безбедноста и економскиот просперитет на сојузниците и отвора нови можности за американските компании, соопшти Амбасадата на САД во Софија на својата фејсбук-страница по повод меѓународната конференција посветена на коридорот.
„Соединетите Американски Држави го сметаат Коридорот 8 за разумна инвестиција во посилна и посамостојна Југоисточна Европа“, се наведува во објавата на Амбасадата.
На конференцијата учествуваше Џон Грисволд од Американската корпорација за меѓународно развојно финансирање (DFC). Тој претстави како американските финансиски инструменти можат да го поддржат развојот на трговските можности за САД, нивните сојузници и партнери.
Амбасадата ѝ се заблагодари на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, која беше домаќин на конференцијата.

