Амбасадорката на РС Македонија во Р.Бугарија, Агнеза Поповска: Промената е неизбежна, има сериозна корупција
Промената во РС Македонија е неизбежна. Општеството сака да го исчисти системот и да бара одговорност. Ова го истакна амбасадорот на Република Северна Македонија во Р. Бугарија Н.Е. Агнеза Руси Поповска, јавува БГНЕС.
„Ова не е прв трагичен случај во РСМ, имало и други, но не од такви размери. Македонското општество сака расчистување. Сака промена во работата на институциите“, изјави амбасадорот за bTV.
Таа нагласи дека граѓаните бараат искоренување на корупцијата, одговорните за трагедијата во Кочани да одговараат. „Мора да има безмилосна борба против сите коруптивни практики“, додаде амбасадорката Поповска. Според неа, токму тоа ветила владата во Скопје дека ќе го направи.
Дипломатот им се заблагодари на сите бугарски институции, на бугарските граѓани за помошта и солидарноста дадена во овој тежок момент за земјата.
На 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 14 од жртвите во трагедијата моментално се сместени во бугарските болници.
Во Бугарија денеска е прогласен Ден на национална жалост во знак на солидарност со нашите браќа Македонци, пишува БГНЕС.
