| |

Амбасадорот Ангел Ангелов: Бугарското малцинство во Србија е мост за добрососедство

На свечена церемонија во Палатата на Србија во Белград, на 15 декември, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Србија, Ангел Ангелов, ги предаде своите акредитивни писма на претседателот Александар Вучиќ, јавува БНР.
На церемонијата, амбасадорот Ангелов ги потврди добрите добрососедски односи меѓу двете земји, засновани врз меѓусебно почитување, конструктивен дијалог и активно соработување.

Во своето обраќање, бугарскиот дипломат изрично нагласи дека поврзаноста во сите нејзини димензии е траен и стратешки приоритет за Бугарија, поставен уште за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година, и кој и денес ја задржува својата целосна актуелност.

Во тој контекст, амбасадорот изрази уверување дека бугарското национално малцинство претставува заемeн „мост“ меѓу Бугарија и Србија, кој е важен фактор за зајакнување на пријателството, меѓусебното разбирање и добрососедските односи меѓу двете држави, се наведува во информацијата објавена на фејсбук-страницата на бугарската амбасада во Белград.



Слични Објави