|

АМСМ: Список на патни правци за кои важи активна забрана за движење на тешки товарни возила

АМСМ во последниот извештај ги наведува сите активни забрани за движење на тешки товарни возила досега, а тоа се:

– Крива Паланка – граничен премин Деве Баир

– патен правец Р1302 Струмица – Берово (за патнички возила е задолжителна употреба на зимска опрема);

– планински премин Плетвар;

– патниот правец А1 Демир Капија – Миравци;

– Битола – Ресен (планински превој Ѓавато);

– патен правец Тетово – Попова Шапка (забраната важи и за автобуси);

– патен правец А2 Струга – граничен премин Ќафасан;

– с. Рогачево до граничен премин Јажинце (за останатите возила задолжителна е зимска опрема);

– Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар).

Задолжителна зимска опрема за сите возила на патниот правец према граничен премин Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на целата територија од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Слични Објави