МАСОВНА ЕВАКУАЦИЈА ПОРАДИ ПОЖАР ВО ПРИРОДЕН РЕЗЕРВАТ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ ХОЛАНДИЈА И ГЕРМАНИЈА

/

Околу 4.000 луѓе се евакуирани од населбата Херкенбош, на југот на Холандија, поради голем пожар во блискиот природен резерват.

Градоначалничката Моник де Бер изјави дека одлучила да ги евакуира сите жители за да спречи вдишување на токсичен чад. Нема извештај за повредени.

Пожарот во природниот резерват Де Мајнвег, на границата меѓу Холандија и Германија, што избувна на околу 200 километри југоисточно од Амстердам и 50 километри западно од Дизелдорф, трае веќе два дена.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ТУРЦИЈА ИСПРАТИ ТОНОВИ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА КАКО ПОМОШ ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Следна статија

ПРВИТЕ ЖРТВИ НА КОВИД-19 ВО САД БИЛЕ ВО ФЕВРУАРИ

Најново од Вести