| |

РУСКОВСКА ЗНАЕЛА ЗА АУДИО-БОМБАТА СО ДИМИШКОВ

Обинителката Рускоска за тв 24 потврди дека разговорот од аудио-снимката на којашто се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков е исечен од аудио снимка која потекнува од доказите во „Рекет“, која обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец.

Русковска демантира дека  на снимката се слушаат имињата Вице и Зоран Заев во контекст поврзан со пари.

Таа потврдува дека оваа снимка е исечена од разговор кој трае 57 минути и е пуштен во судница на рочиште кое беше затворено за јавноста.

Рускоска вели дека не знае од каде и за која цел протекол овој разговор, појаснувајќи дека станува збор за разговор меѓу Димишков и Зоран Милески, а на другите разговори е и Ана Камчева, сопруга на осомничениот Орце Камчев.



Слични Објави