| |

АНЕКС НА КОНТРА АПЕЛОТ ДО ОПШТИНА БИТОЛА

Почитувана Градоначалничке м-р Наташа,

Првиот дијагностициран пациент со КОВИД-19 во нашиот град не е првото новороденче во новата година кое го дочекувате со штедна книшка или подарок. Во моментот за среќа сѐ уште немаме ваков случај и крајно време е да преземете и чекор повеќе од сѐ што е во ваша надлежност. Сепак најголем дел од Владата се ваши сопартијци и се надевам дека имате добра комуникација, па може да се заложите со барања на поригорозни мерки за заштитен карантин на вашиот град Битола.

  • Времена забрана за влез на стоки и патници, освен за итни и задолжителни случаеви кои ќе бидат со ограничено движење и строго контролирани.
  • Секојдневна и зачестена дезинфекција приоритетно на најфреквентните локации.
  • Зајакнати мерки во координација со СВР Битола за почитување на ограничувањето на движење пропишано од Владата со оглед на „мизеријата“ што ја гледаме околу нас (не се ни извинувам на сите што ќе се препознаат во текстот).

Благодарни сме што воведовте дел од предлозите од контра апелот, но сепак најголемата грижа за Битола е ваша. Довербата која ја добивте од голем дел од граѓаните не е само поради ставање крај на криминалите на вашите претходници, парада на црвениот тепих на Манаки, гимнастички вежби и хортикултура туку и справување со предизвиците.

Доколку не ја чувствувате оваа грижа за своја, дозволете да се самоорганизираме и да се справуваме согласно потребите…

Автор: Благојче Трајковски, претседател на ГДУ-Битола



Слични Објави