| |

Ангела од Битола: Без разлика дали сме од Македонија или од Бугарија, ние сме деца на Европа

Ви ја претставуваме кампањата на Фондацијата „Бугарска памет“ „Од двете страни на границата“ преку гласот на младите.

Запознајте ја Ангела, 22-годишна девојка од Битола, Северна Македонија, моментално студент во Бугарија. Ангела беше дел од голем број семинари и активности на Фондацијата „Бугарска памет“, а сега сонува да го примени она што го научила, да работи на подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Со неа разговараме за односот на младите кон проблемите меѓу двете земји, времето поминато на семинарите на Фондацијата, вредните лекции, соништата и која е таа граница што не можат да ја поминат двете соседни земји.

Здраво Ангела! Претстави се со неколку зборови на нашите читатели.

Јас се викам Ангела Митровска и имам 22 години, студирам меѓународни економски односи на Универзитетот за национална и светска економија во Софија од 2019 година. Мои хобија и интереси се поврзани со зимските спортови како сноубордот, сакам да патувам, да фотографирам , да слушам музика, да гледам филмови и да танцувам.

Кажи ни малку повеќе за твоето семејство.

Моето семејство е неверојатно, тие се мојот најдобар систем за поддршка што секое дете може да го побара и јас ги сакам безусловно. Татко ми и мајка ми живеат и работат во Битола, а и сестра ми годинава е студент во Софија. Таа е мојата најсакана личност на овој свет.

Учествуваше на многу семинари на Фондацијата „Бугарска памет“- што те импресионираше во нив и на што ќе се сеќаваш?

Учествував на околу 10 семинари на Фондацијата „Бугарска памет“ во Софија и Варна. Моите сеќавања од престојот таму се дека запознавме млади луѓе од Балканот и научивме повеќе за нашите култури и разлики, научивме за тимската работа и тимската комуникација и работевме на развивање практични вештини за решавање проблеми, претприемништво и креативност. Сите овие работилници имаа големо влијание врз мене и моите идни студии.

Исто така, ми беше задоволство да се сретнам со основачот на Фондацијата „Бугарска памет“, д-р Милен Врабевски и да ја имам честта да разговарам со него. Тој е еден од ретките луѓе кој се грижи и дава голема поддршка за иднината на младите, давајќи безброј можности за развој.

Како се согласувавте со младите од другите земји?

Живееме во свет во кој политичката пропаганда стои помеѓу и влијае врз младите и односите меѓу нив. Но, овој пример не сакаме да им го даваме на генерациите по нас. Имам пријатели од Македонија и Бугарија и нема ништо што стои меѓу нас, ние комуницираме, поминуваме многу време заедно и се разбираме, се почитуваме без разлика на се што пишува и што се зборува во медиумите во нашите земји.

Што мислиш за новата кампања на Фондацијата „Бугарска памет“ „Од двете страни на границата“?

Не се сомневам дека оваа кампања преку активности и забава ќе ги зближи младите луѓе од двете страни на границата да се почитуваат и покрај сите предрасуди. Се восхитувам на идејата и верувам дека ова е вистинскиот пристап за младите од двете земји да растат во позитивно и пријателско опкружување, да разменуваат идеи и да поминуваат време заедно.

Што замислуваш кога ќе го слушнеш изразот „Од двете страни на границата“?

Ја замислувам потребата да се премине „границата“ поставена од политичката пропаганда да бидеме тоа што сме – две земји со иста цел – добрососедство. Верувам дека сите ние, без разлика дали сме од Македонија или од Бугарија, сме деца на Европа. Бидејќи тоа е срцето на нашиот свет со својата древна историја и изградена култура, што го донеле нашиот свет таму каде што сме денес. Самата цел е да ги обединиме сите народи во Европа, без разлика на нашите различни обичаи, религија, историја и култура. Сите сме нераскинливо поврзани еден со друг, стремејќи се кон подобар живот.

Чија е оваа „битка“ меѓу државите?

Оваа битка е на одредена група луѓе кои ја прават оваа поделба меѓу нас за да ги постигнат своите цели, а не целите на двата народа. Но, поради оваа борба, луѓето од нашите земји страдаат додека имигрираат во други земји за подобра иднина. И така, време е нашите народи, особено младите, да се здружат, гледајќи кон иднината за која веруваме дека ќе биде подобра за сите нас во сите аспекти на животот.

За што сонуваш?

Моите цели и соништа се да ги завршам додипломските студии и да започнам магистерски студии во Бугарија, а во меѓувреме да работам на европски проекти и развојни програми за младите во областа на подобрувањето на меѓународните односи и запознавањето на културите на луѓето. Во иднина се гледам себеси како добро реализирана жена со успешна кариера и придонес во секторот на меѓународните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Извор: Фондација „Бугарска памет“

Слични Објави