|

Ангелов изрази сомнеж дека пожарите се резултат од хибриден напад

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска за Канал 5 изјави дека серијата пожари кои во краток период предизвикаа силно загадување на воздухот, најверојатно претставуваат хибриден напад.

„Според моето долгогодишно полициско и безбедносно искуство, невозможно е за толку кратко време да избувнат вакви пожари. Загадувањето што тие го предизвикуваат може да се искористи и за политичко влијание“, истакна Ангелов.

Тој откри дека разговарал со сопственикот на компанијата каде што избувнал пожарот. Според сопственикот, електронскиот отпад што таму се складира многу тешко се пали и бара дополнителен труд за да дојде до пожар. „Отпадот е складиран повеќе од 15 години без никакви проблеми, но тоа е само мој сомнеж“, додаде Ангелов.

Првиот човек на ДЗС нагласи дека безбедносните служби во земјава интензивно работат на расчистување на случајот.



Слични Објави