АНГЕЛОВСКА: БУЏЕТОТ Е ВО ДОБРА КОНДИЦИЈА, ФИНАНСИИТЕ СЕ СТАБИЛНИ
Министерката за финансии Нина Ангеловска, на прес-конференција изјави дека буџетот е во добра кондиција, и дека финансиите се стабилни. Таа најави и зголемување на пензиите.
„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. За минатата година, ДДВ-то се реализираше 100%. Очекуваме и оваа година да имаме добра реализација. Работиме на подобрување на наплатата на приходите.
Декемвриските пензии се исплатени, а јануарските ќе бидат исплатени со 700 денари покачување. До крајот на годинава, пензиите ќе бидат покачени во просек од 1700 денари“, рече Ангеловска.
Целата изјава на следното видео: