НЕПОВРАТНА МИНИСТЕРКЕ ЦАРОВСКА
Нeјасно ми е и очигледно повторно манипулативно се толкуваат Членовите од ЗСЗ. Во недоумица сум, дали користам неговател, домашна помошничка или асистент и дали вие оставате простор за манипулација на Член 78 од ЗСЗ кој гласи: Корисникот на услугата помош и нега во домот кој се реализира со трошоци од ЦС, истовремено не може да користи лична асистенција. Свесно работите на бркање на сертицифицираните асистенти, во земјите на Европа, каде точно се дефинирани професионалните услуги и решениот статус на асистентите, со загарантирани работнички права.
Според Член 106 а во врска со член 76 од Законот за социјална заштита, МИНЕСТЕРКАТА за труд и социјална заштита на 20.12.2019 година, донесува НОВ ПРАВИЛНИК за начинот и обемот на социјалната услуга лична асистенција, нормативи и стандарди. Каде што во ЧЛEН 7 се наведени основни „инструментални” активности и тоа како на пример: перење, готвење, чистење, облекување, одржување лична хигиена, менување пелени и подлоги, следење на витални телесни функции (мерење телесна температура, притисок и шеќер). ЗАКОНОДАВЕЦОТ очигледно не прави разлика од неговател, домашен помошник и личен асистент и очигледно очекува една личност во нашиот случај АСИСТЕНТОТ да биде сѐ, со прекршување на законските обврски кои се и животно загрозувачки.
Прашувам што ќе се случи ако поради нестручност на асистентот, на корисникот му се измери грешна витална функција и по грешка добие медикаментска терапија?! Одите до таму да во Член 31 дури им налагате да обезбедат соодветна опрема за работа: ранец, беџ, апарат за мерење крвен притисок, топломер и апарат за мерење шеќер во крвта.
ДИСКРИМИНАЦИЈА по однос на избор на социјална услуга е последното „добро”од Мила Царовска.
Автор: Бранкица Димитровска, претседател на Хендикеп плус
