АНГЛИЧАНИТЕ ОТКРИЈА ШТО СИ КАЖАЛЕ СТЕРЛИНГ И ГОМЕЗ ПРЕД ИНЦИДЕНТОТ
Атмосферата во англиската репрезентација беше неочекувано нарушена веднаш по првиот тренинг на собирот, откако инцидент предизвикаа Џо Гомез и Рахим Стерлинг.
Англиски „Дејли Мирор“ ангажираше професионален читач од усни за да откри што си кажале фудбалерите во текот на инцидентот.
„Немој да се зае*аваш со мене Џо. Немој!“, кажал Стерлинг, по што Гомез му кажал да дојде.
Стерлинг по инцидентот се извини поради својата постапка, но селекторот Герет Саутгејт го избрка од екипата.
Извор: Спорт1

