Ковачевски на одбележувањето 30 години од КХВ: Финансискиот систем успешно одговори на кризата!

/

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на одбележувањето 30 години од основањето на Комисијата за хартии од вредност, рече дека финансискиот и монетарниот суверенитет се основните компоненти на вкупниот суверенитет на секоја држава.

„Со донесување на пакет-законите од овие области во Собранието на Република Македонија во текот на 1992 година се постави институционалната рамка за долгорочен и стабилен финансиски систем.

„Во тој систем се вгради и улогата на Комисијата за хартии од вредност, која е основана на 19 јуни 1992 година со одлука на Владата на Република Македонија.
Денес, 30 години подоцна, Комисијата за хартии од вредност е самостојно и независно регулаторно тело, кое успешно ја остварува својата мисија: да ги заштити инвеститорите; да се грижи за создавање и одржување фер, сигурен, транспарентен и ефикасен пазар на хартии од вредност и да го олесни привлекувањето капитал, со што придонесува кон економскиот раст и развој на државата“, рече Ковачевски.

Тој порача дека „улогата на финансиските пазари во сите земји е многу важна за економскиот раст. Фокусот на нашите економските политики се инвестициите, па оттука и развојот на пазарот на капитал е значаен долгорочен економски фактор кој влијае врз обемот на производство и вработеноста“.

„Финансискиот систем во Република Северна Македонија во последните три години е исправен пред сериозни предизвици, кои се предизвикани од надворешни, глобални влијанија. Во 2020 и 2021 година беше од исклучителна важност да се одржи стабилноста на финансискиот сектор во време на ковид-кризата. Во услови на пандемија Владата континуирано издвојуваше дополнителни средства за поддршка на компаниите и зачувување на ликвидноста“, рече премиерот.



Според извештаите за минатата година, прометот на берзата за првите осум месеци беше повисок за 41,05 % во однос на оној реализиран во истиот период во 2020 година. И индексот МБИ 10 во тој период бележи постојан раст од 24,12 %, порача тој.

Извор: Темите

Претходна статија

Стаменкоска-Трајкоска: Проблеми при уписите во средното образование, децата не знаат дали се примени во училиштата

Следна статија

ЗНМ: Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни говори

Најново од Вести