АНТИЌ НЕМА НИШТО ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ ДА СЕ ВРАТИ ВО СВОЈОТ „ГРАДСКИ ПАРК“

/

Првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, на денешната средба со новинарите најави можност екипите на Работнички и на Вардар следната сезона да играат во своите матични сали, нешто што им беше оневозможено во Суперлигата односно Плејаутот во неодамна завршеното првенство.

Во „Градски парк“ и малата сала во СРЦ „Кале“ од претходното раководство беа увидени пропусти, за чие отстранување им беше даден одреден рој на двата клуба, кој не беше испочитуван, па затоа беа суспендирани. Но, ако во следниот период овие недостатоци бидат отстранети, тогаш Работнички и Вардар пак ќе може да играат во домашните сали.

„Како федерација сме подготвени да помогнеме и доколку желбата на овие два клуба е да се вратат во своите домови, секако дека ќе излеземе во пресрет. Тоа значи дека приоритет ќе биде да се најде начин за отстранување на недостатоците и решавање на проблемите. Огромна е желбата на навивачите да ги видат своите тимови во матичните сали и токму затоа подготвени сме да најдеме решение, се надеваме на крај на задоволство на сите и во интерес на кошарката“, изјави Антиќ.



Работнички средбите од Суперлигата и од плејофот ги играше во Гостивар односно во „Борис Трајковски“, додека Вардар принудно настапуваше во „Јане Сандански“.

Извор: Спорт1

Претходна статија

СЈО: ЛАТАС БИЛ СВЕСЕН ЗА КРИВИЧНОТО ДЕЛО, ГРАДЕЛ КУЌИ ВО ЗЕЛЕНИКОВО БЕЗ ОДОБРЕНИЈА

Следна статија

АЈЗЕА ТОМАС КАКО СЛОБОДЕН АГЕНТ СЕ СЕЛИ ВО ВАШИНГТОН

Најново од Вести