АЈЗЕА ТОМАС КАКО СЛОБОДЕН АГЕНТ СЕ СЕЛИ ВО ВАШИНГТОН

Ајзеа Томас ќе се пресели во Вашингтон визардс како слободен агент, кадешто ќе остане една година.

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски пишува дека Томас постигнал договор со Вашингтон и така ќе стигне на местото на Томас Саторански, кој за 30 милиони долари се пресели во Чикаго булс.

Томас неодамна кажа дека е подготвен на лето да се врати во теретана за да се подготви за почетокот на новата сезона и да се врати во стар форма, во која не беше по операцијата на колкот.

Извор: Спорт1



Слични Објави