Антонио Тајани: Земјите од Западен Балкан имаат јасна европска перспектива

//

„Земјите од Западен Балкан имаат јасна европска перспектива и можат да се потпрат на поддршката на Европскиот парламент во овој процес, но топката е во нивни раце“, ова го изјави претседателот на ЕП, Антонио Тајани, на почетокот на својата посета на Белград.
Според италијанскиот политичар, Србија и Црна Гора можат да станат дел од заедницата до 2025 година,
нагласувајќи дека таму каде што има желба, постојат начини на кои работите можат да се остварат.
“Значителен напредок е потребен во Србија и Црна Гора во областите како што се владеењето на правото и фундаменталните човекови права “, истакна Тајани.
За време на својата посета на Белград, Тајани ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ,
премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на парламентот, Маја Гојковиќ. Тајани пристигна во Србија неколку дена, пред да биде објавена стратегијата на ЕУ за Западен Балкан.



Претходна статија

Првиот ГОЛЕМ трансфер денеска – Ѕвездата на Манчестер Сити се пресели во Ливерпул

Следна статија

Драган Спасов Дац: Се каам за синоќешниот настан

Најново од Вести