Арабаџиев: Укинувањето на забраната за увоз на украинско жито ќе донесе економски придобивки за Бугарија
„Укинувањето на забраната за увоз на украинско жито ќе донесе економски придобивки за целата земја. Увозот на поевтини суровини ги намалува цените и ја зајакнува пазарната конкуренција. Големите производители и трговци се навикнаа кога има профит, одат кај нив а кога има загуби, тие да се на товар на државата“, ова за БНР го изјави Искрен Арабаџиев, пратеник од ПП – ДБ, кандидат за градоначалник на градот Ловеч.
Арабаџиев потенцираше дека економската логика е да се има пазарна економија и ги дефинира како невалидни аргументите на секторот за недостиг на поддршка, со оглед на тоа што има податоци за доделени повеќе од 2 милијарди лева како субвенција во секторот „Земјоделство“.
„Сакаме бугарските производители и потрошувачи да имаат пониски цени, да имаат пазарна економија во земјата 30 години по почетокот на транзицијата.
Арабаџиев во програмата „Недела 150“ посочи уште дека Бугарија произведува пет пати повеќе жито отколку што троши, а голем дел се извезува, затоа треба да се промени поддршката во секторот – да не се базира на површини, туку на производство. , „за да можеме да бидеме сведоци на производство на зеленчук и овошје, не само на жито“.

