|

Архитектите и проектантот на Универзалната сала не можат да ја убедат Арсовска дека објектот е безбеден

Пред десетина медиуми, зад разрушената Универзална сала, градоначалничката Данела Арсовска се испокара со претставници на Асоцијацијата на архитекти, но и со проектантот кој го донираше проектот за нејзино реновирање.

Никој не успеа да ја убеди дека објектот е безбеден, иако архитектот кажа дека има одобрување од ИЗИС, кое го имале и во Град Скопје. Првата караница почна со претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска. Таа реагираше дека Арсовска не ја остава да се искаже и ги омаловажува архитектите, јавува Темите.мк.

„Ве молам дозволете ми да се докажам. Реакцијата не беше наменета против вас. Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да дадете аргументи. Како архитекти се соочуваме со измени во градба. Постојат процедури со ревизии, одговорни лица, каде тие процедури се потврдуваат. Вие сте дојдени да се карате со мене. Ве замолуваме кога ќе излезете со информации дека објект е небезбеден, да кажете која институција потпишала и кој го кажал“, рече претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави